Плоштад "Павел Шатев" бр. 1 - 1360 Кратово • 031/481-202
Република Северна Македонија

Општина Кратово

Новости

Заедно да го одбележиме Денот на ослободувањето на Кратово

Заедно да го одбележиме Денот на ослободувањето на Кратово

Општина Кратово во соработка со Музеј на град Кратово Ве поканува заедно да го одбележиме Денот на ослободувањето на Кратово – 6 Септември. 🇲🇰
По повод овој значаен датум од историјата на нашиот град, на 4 септември 2026 година (петок) ќе се одржи пригодна програма:
🕚 11:00 часот | Спомен-костурница
Положување свежо цвеќе и оддавање почит на борците и сите кои ги положиле своите животи за слободата на Кратово.
🕦 11:30 часот | Спомен-костурница
Читање литературни творби посветени на слободата, Кратово и неговото историско наследство.
🕛 12:00 часот | Турски затвор
Свечено отворање на изложба на уметнички дела од 40. Меѓународна ликовна колонија “Св. Јоаким Осоговски” Крива Паланка.
🕧 12:30 часот | Турски затвор
Историска презентација „Ослободувањето на Кратово“, со осврт на историските настани, учесниците и значењето на ослободувањето на градот.
🎶Културно-уметничка програма со настап на Кратовските тамбураши и пејачка група “Кратовски бисери” | Турски затвор
Настанот се реализира во соработка со Музеј на град Кратово и Дом на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово
Да го одбележиме заедно денот кој сведочи за храброста, борбата и слободата на Кратово.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email