Во чест на гласот што ја пронесе македонската песна низ светот!
Со особена чест и задоволство, општина Кратово Ве поканува на четвртото издание на манифестацијата “Денови на Вања Лазарова“ – Кратово 2026.
Вечер посветена на богатото музичко наследство на нашата сограѓанка, на убавината на македонската традиционална песна и на младите генерации кои со љубов ја продолжуваат нејзината музичка оставштина.
Организатор: Музеј на град Кратово
Покровител: Општина Кратово
Да се потсетиме на неповторливиот глас на Вања Лазарова и заедно да го славиме музичкото наследство што нè обединува и нè прави горди.
Бидејќи – Традицијата живее додека ја негуваме и пренесуваме!