Плоштад "Павел Шатев" бр. 1 - 1360 Кратово • 031/481-202
Република Северна Македонија

Општина Кратово

Новости

Форум на заедницата – Кратово

Форум на заедницата – Кратово

Почитувани,

Општина Кратово доби можност да биде дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, партнерска иницијатива на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во рамките на проектот ќе се организира Форум на заедницата – демократска алатка преку која граѓаните директно ќе можат да ги споделат своите идеи, предлози и приоритети и да предложат проекти што се од особено значење за развојот на нашата општина.

На форумот ќе имате можност:
🔹 да ги споделите вашите идеи и предлози;
🔹 да ги посочите потребите и приоритетите на нашата заедница;
🔹 активно да учествувате во изборот на проект кој ќе биде реализиран;
🔹 да придонесете кон создавање подобри услови за живот во Кратово.

💰 За реализација на избраниот проект е обезбеден фонд од 15.000 американски долари (УСД), а Општина Кратово ќе учествува со најмалку 20% сопствени средства.

📅 Петок, 21 август 2026 година
🕑 14:00 часот
📍 Хотел „Кратис“, Кратово

Ве покануваме да бидете дел од Форумот на заедницата и заеднички да придонесеме кон идниот развој на нашата општина.

ГРАЃАНИТЕ НА ПРВО МЕСТО!
ЗАЕДНО ЗА ПОДОБРО КРАТОВО!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
Известување