Денес, по повод Денот на ослободување на Кратово – 6 Септември
, беше реализирана пригодна програма во чест на борците и сите оние кои ги положиле своите животи за слободата на нашиот град.

Одбележувањето започна со положување свежо цвеќе и оддавање почит пред Спомен-костурницата, по што следуваше читање литературни творби посветени на слободата, Кратово и неговото историско наследство.


Во Турскиот затвор беше отворена изложба на уметнички слики, а беше одржана и историска презентација посветена на ослободувањето на Кратово, со осврт на значајните настани и личности од овој период.


Програмата беше збогатена со културно-уметнички настап на Кратовските тамбураши и пејачката група „Кратовски бисери“.

Нека е честит 6 Септември – Денот на ослободувањето на Кратово!