Тодорче Николовски
Роден на ден: 29.06.1981 година во Кратово
Националност: Македонец
Образование: Висока стручна спрема VII/1, Правен факултет – правни студии, Дипломиран правник – положен правосуден испит.
Работно искуство:
2005-2008 година – правник во правната служба на РИК Силекс АД Кратово;
2008-2012 година – управител на Друштво за обезбедување на лица и имот Силфор ДООЕЛ Кратово;
2012 – 2014 година – Општина Кратово, Раководител на Одделение за правни, општи работи и јавни дејности;
2014-2018 година – Директор на ЈП Хидросистем Злетовица Пробиштип
2018-2021 година – Општина Кратово, Раководител на Одделение за правни, општи работи и јавни дејности;
Семеен статус: Во брак со д-р Даниела Николовска, родител на две малолетни деца
Надлежности на градоначалникот
- Градоначалникот присуствува и учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот и посебните тела на Општината, без право на одлучување.
- Градоначалникот може да определи и свои претставници кои ќe присуствуваат и учествуваат во работата на седниците на Советот, неговите комисии и посебните тела на Општината.
- Градоначалникот по сопствена иницијатива и по барање на Советот, го известува Советот за извршување поодделни работи од негова надлежност.
- Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината.
- Градоначалникот управува со сопственоста на Општината во јавен интерес и како добар домаќин.
- Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Општината, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Општината во согласност со закон.
- Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините.
- Градоначалникот со решение определува член на Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.
- Решението од став 1 на овој член градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата.
- Решението од став 1 на овој член се објавува во „Службениот гласник на Општината“.
- За настапувањето на спреченоста или отсуството, градоначалникот го известува претседателот на Советот и членот на Советот кој ќе го заменува. (Од статутот на општина Кратово)