Општина Кратово во соработка со Музеј на град Кратово Ве поканува заедно да го одбележиме Денот на ослободувањето на Кратово – 6 Септември. 
По повод овој значаен датум од историјата на нашиот град, на 4 септември 2026 година (петок) ќе се одржи пригодна програма:
Положување свежо цвеќе и оддавање почит на борците и сите кои ги положиле своите животи за слободата на Кратово.
Читање литературни творби посветени на слободата, Кратово и неговото историско наследство.
Свечено отворање на изложба на уметнички дела од 40. Меѓународна ликовна колонија “Св. Јоаким Осоговски” Крива Паланка.
Историска презентација „Ослободувањето на Кратово“, со осврт на историските настани, учесниците и значењето на ослободувањето на градот.
Настанот се реализира во соработка со Музеј на град Кратово и Дом на култура „Лазар Софијанов“ – Кратово
Да го одбележиме заедно денот кој сведочи за храброста, борбата и слободата на Кратово.