Се одобрува Планската програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од Урбана единица 2, дел од Урбан Блок 10-А – населба Окмена, Општина Кратово. Планската документација е изработена согласно важечката законска регулатива и претставува основа за понатамошно урбанистичко уредување на опфатот. Со донесеното Решение продолжува постапката за изработка на Деталниот урбанистички план.