Плоштад "Павел Шатев" бр. 1 - 1360 Кратово • 031/481-202
Република Северна Македонија

Општина Кратово

Соопштенија

Соопштение за вршење дезинсекција против комарци (втора)

Соопштение за вршење дезинсекција против комарци (втора)

Соопштение

Општина Кратово Ве информира дека на ден: 12.06.2026 (петок) со почеток од 17.00 часот до 20.00 часот ќе биде спроведена втората пролетна теристичка (од земја со генератор) аеросолна дезинсекција против комарци, на повеќе локации на територија на општина Кратово.

Со третирањето ќе биде опфатено и течението на Кратовска река од с. Кетеново нагоре, како и повеќе населени места (села).

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Со почит,

Градоначалник
на општина Кратово

Тодорче Николовски

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
Известување
Новости
Известување