Општина Кратово ги информира граѓаните дека во среда, 24 декември 2025 година, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Јавна расправа за Нацрт буџетот на Општина Кратово за 2026 година.
Јавната расправа ќе се одржи во салата на Музеј на град Кратово.
Ве повикуваме да се вклучите и да земете учество во креирањето на Буџетот на Општина Кратово за 2026 година и со своите предлози и идеи да придонесете во создавање на Граѓански буџет преку кој ќе се реализираат развојните програми на општината.