Плоштад "Павел Шатев" бр. 1 - 1360 Кратово • 031/481-202
Република Северна Македонија

Општина Кратово

Соопштенија

Трета форумска сесија – Проектен форум во Општина Кратово

Трета форумска сесија – Проектен форум во Општина Кратово

Трета форумска сесија – Проектен форум во Општина Кратово

Општина Кратово ги поканува граѓаните и учесниците на Третата форумска сесија од Проектниот форум, која ќе се одржи на 15 септември 2026 година (вторник), со почеток во 13:00 часот, во Хотел „Кратис“ – Кратово.

На сесијата ќе бидат презентирани три предлог-проекти од областа на енергетската ефикасност, произлезени од идеите и предлозите на претходните форумски сесии. Преку дискусија и активно учество, граѓаните ќе придонесат во изборот на проектите кои ќе се доработат како конечни проектни апликации и за кои ќе се гласа на Четвртата форумска сесија.

Проектниот форум се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во соработка со УНДП, со цел поголемо учество на граѓаните во донесувањето одлуки и определувањето на локалните развојни приоритети.

Ги повикуваме граѓаните да се вклучат и со своите идеи и предлози да придонесат кон подобра и поенергетски ефикасна Општина Кратово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email