Плоштад "Павел Шатев" бр. 1 - 1360 Кратово • 031/481-202
Република Северна Македонија

Општина Кратово

Соопштенија

📢 ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО КРАТОВО

📢 ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО КРАТОВО

Почитувани,

По успешно одржаната прва форумска сесија, на која граѓаните ги споделија своите идеи, предлози и потреби за унапредување на енергетската ефикасност во општината, продолжува заедничкиот процес на креирање локални решенија.

Општина Кратово, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамките на програмата „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансирана од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансирана и спроведувана од УНДП во соработка со национални и локални партнери, Ве поканува да присуствувате на:

ВТОРА СЕСИЈА НА ПРОЕКТНИОТ ФОРУМ

Четврток, 3 септември 2026 година
13:00 часот
Хотел „Кратис“, Кратово

На втората форумска сесија ќе бидат претставени шест концепт-проекти, подготвени врз основа на идеите, предлозите и потребите идентификувани од граѓаните за време на првата форумска сесија.

Оваа сесија претставува можност граѓаните и заинтересираните страни да се запознаат со начинот на кој нивните идеи се преточени во конкретни проектни предлози, но и активно да учествуваат во процесот преку давање мислења, забелешки и предлози.

По презентацијата на шесте концепт-проекти ќе следува отворена дискусија, во рамките на која учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања, да дадат свои сугестии и да ги споделат ставовите во однос на предложените решенија.

Вашето учество е особено значајно, бидејќи преку форумскиот процес граѓаните имаат можност директно да влијаат врз изборот на проектите што ќе бидат понатаму разработени и предложени за реализација.

Од идеја до конкретен проект

На втората форумска сесија нема само да разговараме за предлози – ќе направиме конкретен чекор напред кон нивно претворање во реални и одржливи решенија за подобар живот на граѓаните и развој на Општина Кратово.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email