РЕШЕНИЕ за определување на локации за бесплатно истакнување на изборни плакати  

Врз основа на член 4 од Одлуката за истакнување на изборни плакати без надоместок бр.09-304/1 од 26.02.2016 година („Службен Гласник на општина Кратово“ бр. 2/2016), а согласно член 78 од Изборниот законик („Службен весник на РМ“  бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19, 42/20, 74/21, 215/21 и 58/24), Испекторот за комунални работи при Локалната самоуправа на општина Кратово на ден 29.03.2024 година, донесе

РЕШЕНИЕ

За определување на локации за бесплатно истакнување на

изборни плакати  

  1. За спроведување на изборната кампања на политичките партии на територијата на општина Кратово се определуваат следните локации на кои може да се истакнат плакати и пропаганден материјал без надоместок (само на веќе отпечатен изборен материјал) и тоа:
  2. Потпорен ѕид под ЕВН КЕЦ Кратово на ул. „Гоце Делчев“;
  3. Потпорен ѕид на ул.„Тошо Куковски“ спрема СОУ „Митко Пенџуклиски“ од десна страна (Ромско маало);
  4. Потпорен ѕид на ул.„Ѓорѓи Какашевски“ непосредно до станбената зграда (стара самопослуга на „Силекс“ Кратово);
  5. Потпорен ѕид на ул.„Браќа Миладинови“ спроти Саат кулата;
  6. Објект на ул.„Гоце Делчев“ поранешна „Кристалограверница“;
  7. Во с. Сакулица – стојалиште на автобуси, јавна површина за поставување на паноа;
  8. Во с. Шлегово – јавна површина до селската чешма во центарот за поставување на паноа;
  9. Во с. Страцин – јавна повшина до селската чешма во  центарот за поставување на паноа; и
  10. Во с. Шопско Рударе – јавна површина во центарот на селото (периферни делови), кај стојалиштето на автобуси за поставување на паноа.
  11. II. По завршувањето на изборната кампања организаторите на кампањата се должни да ги остранат плакатите и пропагандниот материјал.

III. Со донесување на ова Решение престанува да важи Решението за определување на локациите за бесплатно истакнување на изборни плакати и пропаганден материјал со бр. 13-1429/1 од 01.11.2016 година.

Ова Решение  влегува на сила и ќе се применува со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен Гласник на општина Кратово“.

 

                                                                                                                   Општина Кратово

                                                                                                                      Овластен комунален инспектор

                       д.и.а. Иван Пешевски

Решение за бесплатно истакнување на плакати

Scroll to Top