Пристап до јавни информации

Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/2002) и член 8 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр. 101/19), Градоначалникот на Општина Кратово, го донесе решението за определување на службено лице за посредување при остварување на право на слободен пристап до информации.

 

Отстапениот работник од ПАВ СПИД-Скопје – Христина Наковска се определува како службено лице за посредување при остварување на право на слободен пристап до информации, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер


e-mail: christina_nakovska@opstinakratovo.gov.mk
          opstina_kratovo@opstinakratovo.gov.mk 

Листата на информации од јавен карактер се наоѓа на:
„Службен гласник
на Општина Кратово
www.opstinakratovo.gov.mk

Плоштад „Маршал Тито“ бр.1, 1360 Кратово
(031) 481-202

 

Годишни извештаи
Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер од Општина Кратово за 2023 година Годишен извештај за информации од јавен карактер 2023 година

Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер од Општина Кратово за 2021 година Годишен извештај за 2021

Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер од Општина Кратово за 2020 година Годишен извештај за 2020 година

Годишен извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите од Општина Кратово за 2019 година Годишен извештај за 2019

Годишен извештај на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите од Општина Кратово за 2018 година Годишен извештај за 2018 година

Годишен извештај (01.01.2018-31.12.2018) за еднакви можности на жените и мажите од општина Кратово Годишен извештај 01.01.2018 – 31.12.2018 година

Годишен извештај (01.01.2017-31.12.2017) за еднакви можности на жените и мажите од општина Кратово за 2017 година Годишен извештај

Годишен извештај (01.01.2017-31.12.2017) за слободен пристап до информации од јавен карактер: Годишен извештај 2017 година

Годишен извештај (01.01.2016-31.12.2016) за слободен пристап до информации од јавен карактер: Годишен извештај

Годишен извештај (01.01.2015-31.12.2015) за слободен пристап до информации од јавен карактер: Годишен извештај 2015 год. 

СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
 Општините, во рамките на законот, имаат право на своето подрачје да ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.

– самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење и се одговорни за нивното вршење;

– Надлежни се за урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;

-донесува генерален урбанистички план на кој органот на државната управа надлежен за работите на урбанизмот дава согласност;

-донесува детален урбанистички план и урбанистичка документација за населените места на општината на кои органот на државната управа надлежен за работите на урбанизмот дава согласност по претходно мислење од други органи;

– Заштитата на животната средина и природата-мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење;

– Локалниот економски развој и неговото планирање;

– утврдување на развојните и структурните приоритети;
– водење на локална економска политика;
– поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво;
– учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;

-Комунални дејности – снабдувањето со вода за пиење;
-испораката на технолошката вода;
-одведувањето и пречистувањето на отпадните води;
-јавното осветлување;
-одведувањето и третманот на атмосферските води;
-одржувањето на јавна чистота;
-собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад;
-уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници; -снабдувањето со природен гас и топлинска енергија;

– одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги;
– изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти;
– регулирање на режимот на сообраќајот;
– изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација;
– изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање;
– отстранувањето на непрописно паркираните возила;
– отстранување на хаварисаните возила од јавните површини;
– изградбата и одржувањето на пазарите;
– чистењето на оџаците;
– одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк-шумите и рекреативните површини;
– регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови;
– определувањето на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;

Култура – институционалната и финансиската поддршка на културните установи и проекти;
– негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
– организирањето културни манифестации; поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво;
Спорт и рекреација-развојот на масовниот спорт и рекреативните активности;
– организирањето на спортски приредби и манифестации;
-одржувањето и изградбата на објекти за спорт;
поддршка на спортски сојузи;
Социјалната заштита и заштита на децата-детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување);
-остварување на социјална грижа за инвалидните лица;
-децата без родители и родителска грижа;
-деца со воспитно-социјални проблеми;
– деца со посебни потреби;
– децата од еднородителски семејства;

– децата на улица; лицата изложени на социјален ризик;
– лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол;
– подигање на свеста на населението;
-домување на лица со социјален ризик;
-остварување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст.
Вршењето на овие надлежности се во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита.

Образование – основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;

Здравствена заштита – управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување;
– унапредување на здравјето;
– превентивни активности;
– заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
– здравствен надзор над животната средина;
– надзор над заразните болести;
– помош на пациенти со специјални потреби (на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон;

Спроведување на Подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици;
-надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност
и други работи определени со закон.

Заради извршување на своите надлежности, општините можат да основаат јавни служби, во согласност со закон.
Општината може да го делегира вршењето на одредени работи од јавен интерес од локално значење на други правни или физички лица, врз основа на договор за извршување на работи од јавен интерес, во согласност со закон.

На следните линкови може да ги преземете:

Барањето за информации од јавен карактер ПРЕВЗЕМЕТЕ ОВДЕ

Жалба превземете овде

Прирачник за поддршка на лица со попреченост при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер превземете овде

УПАТСТВО за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер превземете овде

Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер: http://komspi.mk/

Scroll to Top