Политика на приватност (за обработка на лични податоци)

Политиката на приватност се однесува на општи информации за обработката на лични податоци при посетата на нашата интернет страна или користење на некоја од нашите административни услуги преку истата. Вашите лични податоци ги собираме само оние кои се неопходни за остварување на нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Општина Кратово ( во натамошниот текст Контролор), со седиште на Ул. Плоштад Маршал Тито бб, Кратово, Република Северна Македонија.
Општина Кратово е Единица на Локална самоуправа посветена на заштита на обработката на личните податоци и приватноста на физичките лица.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
посетители на нашата интернет страна opstinakratovo.gov.mk Вообичаено собираме податоци од посетителите на нашата интернет страна и податоци за одржување на контакти со посетителите и информациска сигурност на нашата веб страна.
баратели и други физички лица во врска со поднесување на барања, иницијативи за спроведување на супервизија. Овие барања/иницијативи содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето и лични податоци на други лица вклучени во барањето кои се потребни за постапување согласно нашите овластувања наведени во Законот за заштита на личните податоци.
лицата кои врз основа на Законот за заштита на лични податоци поднесуваат известувања и барања до Контролорот. Во овие случаи ова може да вклучува и лични податоци на контролорот (во случај на физичко лице, на пример трговец поединец) и на соодветниот офицер за заштита на личните податоци, овие податоци имаат ограничен обем ( на пример име и презиме и контакт податоци) и се тесно поврзани со професионалните активности на контролорот.
Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Учесници на обуки, состаноци и настани – Лични податоци за цели на спроведување на обуки, состаноци со граѓани и настани организирани од Контролорот.

Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата интернет страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските прописи), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштита на личните податоци, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања за остварување на конкретни права, податоци за офицери од мрежата на офицери за заштита на лични податоци, пријавување на злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, пријавување на збирки на лични податоци со висок ризик и/ или повреда на лични податоци или барање на било која друга административна услуга дадена од Контролорот.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефони и email.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме на различни начини:
• преку Вашето користење на нашата интернет страна и нашиот email: opstina_kratovo@opstinakratovo.gov.mk  вклучувајќи и аплицирање преку истата;
• поднесоци, барања, жалби, приговори и сл. доставени лично преку архивата на Контролорот;
• преку пошта;
• усмено на Записник.
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во Контролорот, кое го составило записникот и заведено во архивата на Контролорот.

Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Контролорот, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата интернет страна, на трети лица, освен во следните случаи:
• во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Контролорот ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Контролорот и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето услугите.
• По барања од суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и со утврдени рокови на чување на личните податоци кај Контролорот.

Кои се Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци,
• право на пристап до личните податоци,
• право на исправка и бришење на личните податоци,
• право на ограничување на обработката на личните податоци,
• право на приговор.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Катерина Пешевска, на следниов e – mail: oficer.kratovo@yahoo.com.

Одлука за определување на овластено лице за заштита на личните податоци

 

Право на поднесување на барање до Контролорот
Ако сметате дека начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Барањето може да се поднесе преку нашата интернет страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.

Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност може да се менува и дополнува соодветно на настанати промени согласно Законот за заштита на лични податоци .

Градоначалник на општина Кратово
Тодорче Николовски

Scroll to Top