Огласи во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги

За реализација на грантот од МТСП во рамки на проектот: „Подобрување на социјалните услуги“, а за воведување на услугата помош и нега во домот на подрачјата на општините Кратово и Пробиштип, ОО Црвен крст-Пробиштип распиша Огласи за набавка на мебел, ИТ опрема и градежни работи.

329525756_565619792254060_4443010858373242240_n
Проект

Потребната тендерска документација за трите огласи е објавена на официјалната веб-страница на Бирото за јавни набавки.

Понудите во хартиена форма треба да се достават на следнава адресa: Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Пробиштип, ул. „Јордан Стојанов“ бр.5, 2210 Пробиштип. Крајниот рок за доставување на понудите е 13 март, до 16:00 часот.

Прилози:

Оглас за набавка на мебел

Оглас за набавка на ИТ опрема

Оглас за набавка на градежни работи

Scroll to Top