Оглас за набавка на униформи за давање на услуга

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Пробиштип доби финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика во рамки на проект финансиран со кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка), односно во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, во насока на имплементација на Договор за грант бр. 2.8/2022 за развој на социјалната услуга – помош и нега во домот и планира да искористи дел од средствата за исплата, по однос на договор за набавка на униформи за давање на услуга.

Набавката ќе се спроведе во согласност со „Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) – набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година“.

Се упатуваат сите заинтересирани понудувачи од точка 3.14, 3.15, 3.16 и 3.17 од „Прописите за набавки“, да ги почитуваат одредбите за судир на интереси во делот каде е дефинирана политика за конфликт на интереси на Светска банка.

Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Митко Георгиевски – Секретар, од каде може да ја добијат електронската форма на тендерската документација со барање на следната адреса probistip@redcross.org.mk.

Понудите во хартиена форма треба да се достават најдоцна до 04.04.2023 до 16:00 часот на следната адреса:

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Пробиштип

ул. „Јордан Стојанов“ бр.5

2210 Пробиштип

Линк до огласот: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/international-donor-announcements

ОГЛАС ЗА НАБАВКА на униформи Пробиштип

Појаснување – Оглас за набавка на униформи 30.03.2023

 

Scroll to Top