Потпишана спогодба за збратимување со Џинченг, НР Кина

🇲🇰✍🏻🇨🇳По пријателските преговори денес преку видео конференција Градоначалникот на општина Кратово, Тодорче Николовски и Градоначалникот на градот Џинченг, Wu Jianpeng од Народна Република Кина официјално потпишаа Спогодба за збратимување, односно соработка со намери за размена на двете страни во областа на индустријата, културата, туризмот и здравствената заштита.
🇲🇰✍🏻🇨🇳Оваа соработка може да донесе понатамошен развој и соработка во повеќе области. Пријателството меѓу општините е битна алка, бидејќи денес општините претставуваат клучен елемент во процесот на развој на регионите и земјите и важен предмет на меѓународните односи и соработка, при што општините имаат особено важна улога и одговорност.
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре
Scroll to Top