Оделение за финансиски прашања

УСЛУГИ ШТО СЕ ДАВААТ НА ГРАЃАНИТЕ:

ПРИЕМ НА СТРАНКИ И ИЗДАВАЊЕ НА УПЛАТНИЦИ ПО СИТЕ ВИДОВИ ДАНОЦИ И ТАКСИ
Врз основа на издадено решение со кое се задолжува, на барање на странката се издава уплатница.

Рок на издавање – веднаш.

УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЧНИ ОБВРСКИ

Се пополнува барање за уверение за платени даночни обврски со:

  1. Доказ за платен данок
  2. Доказ за уплатени административна такси.

Рокот за донесување на актот – веднаш.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА ИМОТ

Обврзникот на данокот на имот е должен да поднесе даночна пријава до 31 јануари во годината за која се врши утврдување на данокот.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на имот најдоцна до 31 Март во годината за која се утврдува данокот на имот и му доставува решение на даночниот обврзник за утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 31 Март секоја година.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

Обврзникот на данокот на наследство и подарок е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на настанувањето на даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација каде што се наоѓа недвижниот имот кој обврзникот го наследува или прима на подарок.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на наследство и подарок најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на даночната пријава и на даночниот обврзник му доставува решение утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 30 дена од денот на приемот на даночната пријава.

РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

Обврзникот на данокот на промет на недвижности е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на настанувањето на даночната обврска. Пријавата се поднесува до општинската администрација каде што се наоѓа недвижноста.

Градоначалникот на општината донесува решение за висината на данокот на промет на недвижности најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на даночната пријава и на даночниот обврзник односно на купувачот му доставува решение утврдениот данок.

Рок за донесување на актот 15 дена од денот на приемот на даночната пријава.

РЕШЕНИЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОЧЕН ДОЛГ

За решение за одложување на извршувањето се поднесува:

– Барање за одлагање на даночниот долг

– Прилози кон барањето се:

  1. банкарска гаранција, доказ за уплатен готовински депозит или обезбеди друг инструмент за обезбедување на плаќањето.
РЕШЕНИЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ НА ПОГРЕШНО УПЛАТЕН ДАНОК

Се пополнува барање за враќање на повеќе или на погрешно уплатен данок со:

  1. доказ за уплатени средства
  2. трансакциона сметка на која треба да се врата средствата.
РЕШЕНИЕ ЗА ВИСИНАТА НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА

Обврзникот на таксата е должен во рок од 15 дена од денот на настаната обврска или настанатата промена да поднесе пријава до општинската администрација.

Градоначалникот на општината со решение ке ја утврди висината на таксата воп годишен износ

Градоначалникот на општината според податоците од состојбата на 1 јануари секоја година за секој обврзник одделно со решение го утврдува износот на таксата што треба да се плати.

Контакт телефон: 031 481 202  лок.105

Одделение за финансиски прашања

  1. Издавање на Решение за користење на плоштади и друг простор во градот и други населени места со цел за изложување на предмети, приредување на изложби и забавни приредби за вршење дејност;
  2. Издавање на Решение за комунална такса (фирмарина);
  3. Издавање на Одобрение за поставување на маси и столици во летни бавчи пред деловниот простор;
  4. Издавање на Решение за данок на имот;
  5. Издавање на Решение за користење на простор пред деловен простор за вршење дејност;
  6. Повраток на погрешно уплатени средства;
  7. Издавање на Решение за данок на подарок и наследство( по барање на граѓанин/клиент);
  8. Примање, приготвување, составување, препраќање на разни видови известувања, информации, преписки, изјави, претставки, дописи и сл.;

Одлука-за-утврдување-на-ориетациона-пазарна-вредност-на-гиз-и-земјоделско-земјиште-29.06.2018-год.

Scroll to Top