КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

ОПШТИНА КРАТОВО

РАСПИШУВА:

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА

НА ТЕМА „СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ – СВЕТИЛНИК И ЗАКРИЛНИК НА КРАТОВО“

По повод патрониот празник на Кратово „Свети Ѓорѓи Кратовски“ Општина Кратово распишува награден конкурс за најдобра литературна творба на тема:

Свети Ѓорѓи Кратовски–светилник и закрилник на Кратово“

Право на учество:

˚ Право на учество на овој Конкурс имаат жителите на општина Кратово.

˚ Доставените литературни творби треба да бидат напишани на македонски литературен јазик во поезија или проза.

˚ На овој Конкурс не може да учествувааат претходно објавени или издадени творби.

˚ Учесниците/авторите на Конкурсот се појавуваат под шифра кај членовите на комисијата, затоа литературната творба треба да ја содржи шифрата, а посебно да се напишат податоците за идентификација на испраќачот: име и презиме, адреса и телефонски број.

Изборот на најдобрите литературни творби ќе го изврши комисија за оценување на творбата составена од три члена. Комисијата ќе даде оценка за доставените творби и ќе изготви извештај со листа за наградени автори.

Награди:

Авторите на најдобрите творби ќе добијат пофалница и вредносни ваучери за I награда 3500 денари, II награда 2500 денари и III награда 1500 денари и истите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Кратово.

Доставување на литературните творби:

Авторските творби треба да се достават во хартиена форма во затворен плик на адреса: Општина Кратово ул.Плоштад Павел Шатев, бр.1, Кратово со назнака „Награден конкурс за најдобра литературна творба“ или лично во Архива на општина Кратово секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот или да се испратат по електронски пат на: opstina_kratovo@opstnakratovo.gov.mk најдоцна до 23.02.2024 година.

Конкурсот е дел од Програмата за култура за 2024 на општина Кратово со бр.09-1600/2.

Scroll to Top