Општина Кратово, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ,
Ве поканува да земете учество на
КОМПИРИЈАДА Кратово 2023
која ќе се одржи на ден 28.10.2023 година САБОТА во 11 часот на локација пред Плато на Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово.
- Како дел од содржинските активности, ќе бидат поставени традиционални штандови/трпези на кои ќе биде презентирана традиционална храна приготвена со компир, фолклорот и културата.
- Изложбен дел на кој преку свои штандови учество ќе земат производители на различен вид на компир од Кратовскиот регион.
- Изложба на цртежи на тема „Јадете компир – добар е за здравјето“ ученици на ООУ „Кочо Рацин“ Кратово.
- Музички настап на Кратовски тамбураши и Д фендерс.
Покрај наведените активности и оваа година учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат во неколку активности: за најдобар штанд/трпеза и најдобар специјалитет од компир, а за победниците ќе бидат доделени соодветни награди.
Би ценеле доколку го потврдите Вашето учество не подоцна од 20 Октомври 2023 година, а доколку Ви се потребни дополнителни информации, контактирајте на меил: contact.kratovo@gmail.com или на 072 321 311 и 070 757 777.