Јавен повик за формирање иницијативен одбор

Општина Кратово, врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на РСМ“ бр.10/2020) и член 46-г од Статутот на Општина Кратово (Одлука за изменување и дополнување на Статутот на општина Кратово со бр.09-596/1 од 29.04.2021 година), распишува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

Со овој Јавен повик, се повикуваат сите младински организации, политички подмладоци, ученичките и студентските организации и другите облици на младинското здружување кои реализират активности на подрачјето на општина Кратово, да номинират свој претставник во Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание на млади на општина Кратово.

Бројот на членови во Иницијативниот одбор е најмногу пет (5) и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади.

Улога и задачи на Иницијативниот одбор:
• Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС,
• Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,
• Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.

Задолжителни документи кои се доставуваат:
• Портфолио на организацијата/групата/здружението,
• Писмо со номинација за член во ИО и контакт – информации,
• Кратко мотивационо писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

Начин на пријавување: Документите може да ги доставите во хартија до Архива на општина Кратово или по пошта на адреса Плоштад Павел Шатев бр.1, 1360 Кратово или пак да се достават скенирани на електронска пошта: opstina_kratovo@opstinakratovo.gov.mk

Рок за пријавување: 04.12.2023 година

Лице за контакт и повеќе информации: Службеник за млади во општина Кратово, Катерина Пешевска, 070/757-777, katerina_pesevska@opstinakratovo.gov.mk

Јавен повик за формирање на иницијативен одбор

Scroll to Top