ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР) за под-проектот: Реконструкција на ЈЗУ „Здравствен дом Кратово“, Кратово со мерки за енергетска ефикасност

Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, во компонентата за згради на централните власти предложена е реконструкција на ЈЗУ „Здравствен дом Кратово“, Кратово со мерки за енергетска ефикасност. Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Контролна листа со мерки за управување со животна средина и социјални работи” во кој се наведени детални мерки за ублажување на влијанијата врз животната средина и социјалните работи кои ќе произлезат од планираните активности на подпроектот.

Овој документ е поставен за јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во објектите на јавните здравствени установи – finance.gov.mk) и на: Министерство за здравство: (zdravstvo.gov.mk) од 06.06.2023 година.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документот на веб страна, преку пополнување на формуларот кој е достапен на следниот линк: Формулар-за-поднесување-коментари-за-ПУЖССР-за-објекти-на-здравствени-установи-1.docx (live.com)

Јавната расправа по овој план ќе се одржи на 16.06.2023 (петок) во Скопје.

Scroll to Top