Целовечерен концерт во чест на Вања Лазарова

 

Koncert Vanja Lazarova

Општина Кратово Ве поканува на целовечерен концерт со настап на универзитетскиот ансамбл “Македонија” при УГД Штип, а во чест на нашата легендарна пејачка на изворни народни песни, доајен на македонската народна музика Вања Лазарова родум од с.Страцин.
Концертот започнува во 19 часот во петок на ден 27.10.2023 година во Мултимедијален центар (Кино сала) – Кратово. (Влез слободен)
Бидете дел од оваа вечер и уживајте во познатите звуци на кадифениот глас на една од најталентираните македонски изведувачи на народна музика – Вања Лазарова кој згасна на 12 март 2017 година.
Стихови:
– Што да правам, што да чинам кога е лоша мајка ми? Не ми дава да заљубам од личните ергени….
– Ајде жалај ме, Малино моме, плакај ме, оти јас ќе одам, Малино моме, комита…
– Девојче бело, црвено, а што си толку убаво? Дал’ си од бога паднала, ил’ си од бавча никнала?…
Scroll to Top