26.03.2024-РАНКОВЦЕ – КРАТОВО-Најава за минирање на тунел во близина на регионален пат Р1205

Почитувани,
Во рамките на програмата за информирање на засегнати страни во реализацијата на проектот Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка, како дел од проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор VIII, би сакале да Ве информираме дека на 26.03.2024, фирмата ГУЛЕРМАК АГИР САНАЈИ ИНШААТ ВЕ ТААХХУТ АНОНИМ ШИРКЕТИ Анкара – Подружница во Скопје (ГУЛЕРМАК) со МАКТЕК ДООЕЛ ќе реализира минирање во близина на регионалниот пат кој ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205. 
Подготовката за минирање ќе започне во 12 часот, а самото минирање ќе заврши најдоцна до 15 часот.
Комплетното блокирање на сообраќајот од страна на Кратово кон Ранковце ќе трае кратко, но точното време ќе зависи од организацијата и од временските услови. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании да го заобиколуваат овој пат во текот на наведениот термин.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте ја канцеларијата на Изведувачот, ГУЛЕРМАК АГИР САНАЈИ ИНШААТ ВЕ ТААХХУТ АНОНИМ ШИРКЕТИ Анкара – Подружница во Скопје (ГУЛЕРМАК).
 
Одговорно лице за контакти со засегнати страни
Мери Цакиќ, тел 070 309 437
Антонио Арсов, тел 075 203 305
Scroll to Top